Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески апелира на соодветна државна реакција и имплементација на координирана акција на сет од мерки за намалување на загаденоста на воздухот во главниот град. Славески во писмената реакција до јавноста исто така информира дека нема собрано доволен број потписи за свикување вонредна седница на Советот на Град Скопје.
Славески во реакцијата до јавноста информира дека во однос на барањето на советниците на СДСМ за свикување на вонредна седница на која ќе се дискутира за препораки во борбата против загадениот воздух во текот на денешниот ден од Кабинетот на градоначалникот добил писмен одговор и мислење за предложените препораки и се изразува уверување дека градот Скопје веќе превзема голем дел на среднорочни и долгорочни мерки во борбата против загадениот воздух.