Нема докази дека приведените за убиството на лекарот се сторителите, велат од Обвинителството

by Fokus

Нема докази дека приведени за убиството на матичниот лекар од Железара се сторители на кривичното дело.

„До овој момент, со преземените дејствија од МВР и извршените вештачења од Институтот за судска медицина не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на кривичното дело. Од тие причини, јавниот обвинител, по истекот на времетраењето на определената мерка краткотраен куќен притвор, нема да предлага судот да определи нови мерки за претпазливост за трите лица кои беа задржани во врска со овој настан. Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, продолжува да презема дејствија за идентификација на сторителите на кривично дело“ соопшти обвинителството.

Поврзани новости