Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги отфрли како неточни информациите дека наводно имало некаков договор за вработување 2 000 – 3 000 Албанци во јавната адинистрација.
-Не знам кој што изјавил. Знаете како оди издавањето согласности за вработување. Секоја согласност се издава врз основа на годишен план за вработување донесен претходната година. Годишните планови за вработување не предвидуваат такви нешта, ниту јас сум потпишала во овој момент согласност за вработување по етничка припадност или толку многу како што слушнав како бројка.
Такво нешто не постои. Во овој момент најактуелен е здравствениот сектор, се потпишуваше, но за луѓето кои веќе работеле таму, им се продолжуваа договорите. Повеќе од тоа нема, ниту сум потпишала, ниту има барање, ниту има каков било договор за такво нешто, рече Димитриеска-Кочоска, одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Сојузот на стопански комори.
Во врска со еврообврзницата, потсети дека е исплатена со средствата од унгарскиот кредит. Првата транша беше повлечена лани, а втората годинава.