803
По дводневна научна расправа мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања нема конечен договор за револуционерот Гоце Делчев, соопштија првите луѓе од македонската и бугарска страна Драги Георгиев и Ангел Димитров.
Георгиев рече дека на маса има нови предлози и нови идеи за ова прашања коишто ќе се разговараат во Софија.
Димитров, првиот човек од бугарската страна на Комисијата средбите ги опиша со метафора „облачно со многу дожд и по малку сонце“. Сепак рече дека за Делчев ќе се дискутира и понатаму.