Заврши втората средба меѓу претставници на Синдикатот на УПОЗ и Владата, на која не беше постигнат договор.
Како што рекоа од синдикатот, не добиле конкретна понуда од Владата. Повторно ќе разговараат уште еднаш или два пати до петок или следната недела и се надеваат дека ќе се изнајде некоја златна средина.
Од Владата велат дека може да се изнајде взаемно прифатливо решение за поврзано со вработените во судската и јавно-обвинителската служба, а што би допринело кон унапредување на севкупната ефикасност и ефективноста на судскиот систем во државата.
„Со оглед на тоа што двете страни се блиску до изнаоѓање на взаемно прифатливо решение, кое ќе значи унапредување на социјалниот дијалог, од страна на претставниците на Владата беше отворено прашањето за ставање во мирување на штрајкот на вработените во судската и јавно-обвинителската служба, што дополнително би ја поттикнала атмосферата на взаемна соработка и разбирање“ се вели во владиното соопштение.