Нема да се замрзнуваат маржите и цените како мерки против инфлацијата

by vlatko 19:25
19:25

Владата нема да донесе мерки за замрзнување на цените и на маржите за да го запре растот на инфлацијата, најави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, оваа мерка која се спроведуваше во минатото не ги дава посакуваните резултати, па затоа ќе се преземат други мерки кои ќе треба да влијаат на стабилизирање и на намалување на инфлацијата.

-Нашата пракса покажа дека ако само ја ограничиме маржата кај одреден дел производи, посебно кога зборуваме кај прехранбените, таа потоа се прелева во следните месеци и на крајот се нивелира. Не сакаме да западнеме во таа замка – рече Мицкоски.

Инаку, главниот двигател на поскапувањата во јули е базичната инфлација, која од 5,1 во јуни порасна на 5,5 отсто или за 0,4 процентни поени, што е повеќе од порастот на годишната инфлација од 0,3 процентни поени и која во јули изнесуваше 4,8 отсто.

Слични вести