Нема да се слави Денот на АРМ

by fokus

Прославата за Денот на АРМ кој е на 18 август е откажана поради целата ситуација со поплавите кои го зафатија скопскиот регион.

Оваа информација за Утрински весник ја потврди министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој рече дека сега не е време за славење.

Пред оваа одлука, дел од поканетите го откажаа своето присуство, а Илија Николовски, генерал во пензија, испрати отворено писмо до миниситерот во кое вели дека со целосна почит кон традицијата на великите денови на државноста и самостојноста на Република Македонија, сепак, нема да се појави на прославата на 24. роденден на Армијата, иако е таму од првите денови.

Поврзани новости