429
Нема да се продава алкохол во осумте стадиони на Светското првенство во Катар, најавува ФИФА.
Иако орагнизаторите, на 7ми септември годинава уверувале дека ќе се служи алкохол во одредени делови во склоп на стадионите и покрај стриктната контрола во муслиманската држава, на само два дена пред почетокот на првенството, доаѓа до промена на официјалниот став.
Луѓето кои ќе бидат стационирани во корпоративните делови на стадионите во текот на турнирот, ќе можат да конузмираат алкохол.