788
Нема да се прегласува во Желино. Управниот суд ја поништи одлуката за прегласување донесена од Државната изборна комисија.
БЕСА на одлуката за прегласување поднесе тужба која е прифатена, потврдија за Телма од прес службата на Управниот суд. Приговорот на ДУИ е отфрлен, а исто така е поништена одлуката за прегласување.
Целосната одлука ќе биде објавена во наредните 24 часа.
Со тоа останува конечниот резултат од вториот изборен круг во општина Желино, односно за градоначалник е избран кандидатот на движењето БЕСА.