Нема да има нов договор за жито, се додека Западот не ги исполни барањата, изјави Путин по средбата со Ердоган

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави дека нема да има нов договор за жито со кој се регулира транспортот на жито преку Црното Море додека Западот не ги исполни неговите барања.

Путин исто така рече дека Русија е блиску до финализирање на договорот за обезбедување бесплатно жито на шест африкански земји.

Во јули, тој одби да го продолжи договорот за жито, постигнат со посредство на Турција и ОН една година порано, кој се сметаше за важен за глобалните резерви на храна, особено во Африка, Блискиот Исток и Азија.

Украина и Русија се главните добавувачи на пченица, јачмен, сончогледово масло и други стоки за земјите во развој.

Русија го наведе како причина што не се почитуваше паралелниот договор со кој се ветуваше отстранување на пречките за рускиот извоз на храна и ѓубрива.

Поврзани новости