Нема да има никакво признавање на Косово, порача Вучиќ

by fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ порача во петокот вечерта дека на разговорите со преговарачите од Европската унија во Белград дека

Нема да има никакво признание на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија која во 2008 година со поддршка на Западот еднострано прогласи независност која Србија не ја признава, порача српскиот претседател, Александар Вучиќ.

-Разговор за иднината на Србија, а никакво признавање на Косово нема да има! Во моментов разговарам со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина и другите регионални прашања на западен Балкан, Мирослав Лајчак, и со советниците за надворешна и безбедносна политика на Франција и на Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер. Нема предавање! Да живее Србија!“, напиша Вучиќ на Instagram.

Српскиот претседател истакнува дека е „секогаш подготвен за компромисни решенија“, во согласност со Уставот на Србија и со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност при Обединетите нации, документот во кој не се споменува косовската независност.

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон во заедничкото писмо упатено до Вучиќ и Курти соопштија дека ги ангажирале своите советници Плетнер и Боне, да го поддржат дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Во писмото ги повикуваат двајцата балкански лидери „во продолжувањето на дијалогот да покажат подготвеност за носење тешки одлуки во решавачкиот момент за безбедноста во Европа и стабилноста во регионот.

Поврзани новости