Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека земјата никогаш нема да ги остави Палестинците во Појасот Газа, кои беа подложени на брутални израелски напади во изминатиот месец.
„Наша должност е да ги спасиме нашите палестински браќа од израелското угнетување и да го запреме крвопролевањето што се случува во Газа пред очите на целиот свет“, рече Ердоган на состанокот во провинцијата Ризе во североисточна Турција.
Турскиот претседател рече дека земјата ќе продолжи и ќе ги интензивира напорите за градење и зачувување на мирот како во својот регион, така и во областа на пријателските земји од Балканот до Кавказ и Блискиот Исток, пренесува Анадолија.
„Наша историска одговорност е да укажеме на злосторствата на оние кои го поддржуваат овој неморален, бескрупулозен, одвратен масакр во Газа – рече Ердоган.