369
Ние како политичари кои ја гледаат државата во ЕУ, како граѓани, заради себе, заради нашите деца, заради идните генерации не смееме да дозволиме политиката да биде креирана од политички пиромани кои што немаат никаква визија за државата“ изјави на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски.
Тој додаде дека најголемата опасност за нашиот пат кон ЕУ лежи во една политичка партија која има атни-европска, анти-НАТО и анти-интеграциона политика со западна Европа.
„Тоа е Левица и нивниот претстадетел Димитар Апасиев. Тие веќе го имаат земено во заложништво претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тој е слаб, без став и визија“, рече Ковачевски.