Нема да дозволиме никој да влегува со хилти, ниту повеќе да има пиштење и вриштење, истакна Заев

by Fokus

Нема да дозволиме повторно да се вратиме во минатото, нема да дозволиме повторно да се врати режимот, ниту овде со хилти никој повеќе да влегува, ниту веќе никогаш повеќе пиштење и вриштење по Прилеп, изјави денеска од Прилеп претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој го промовираше Горан Сугарески како кандидат за градоначалник.

Заев тука алудираше на изјава на Миле Јанакиески кој е од Прилеп, во една од „бомбите“, каде во разговор со тогашниот директор на УЈП Горан Трајковски зборува за казни за струмичките дуќанџии за време на изборите.

За опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски рече дека не нудат ништо, освен лажни вести деструкции и блокади и порaди тоа најави дека ќе бидат поразени на изборите в недела.

Поврзани новости