475
ДУИ веќе предолго се на власт, но само со истите кадри. ДУИ има една привилегирана позиција каде што и да не добиваат критика поради повеќе причини, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Факт е дека скоро и да нема човек со кого разговараме, уште помалце луѓе кои се во деловниот свет кој што ни се жалат од институциите каде што има кадри на ДУИ, пред се во делот на корупција… И тоа е јавна тајна, изјави Николоски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Според него, владејачката албанска партија паѓа, порано имале 180-190 илјади гласови, а сега едвај 100 илјади.