Нема антибиотици, а меѓу децата „вријат“ бактерии

by Fokus

Педијатрите алармираат дека нема антибиотици за деца во аптеките, а дека многу деца се заразени со бактерии на кои им треба итен антибиотски третман.

Прв за ова алармираше доктор Ненад Лазаров кој побара антибитик во форма на сируп преку неговиот фејсбук профил.

„Ми треба детски сируп Оспен, Амоксиклав,Зинат или Панцеф, пошто ова стана вукојебина каде основни лекови нема“, напиша тој и кратко потоа додаде дека успеал да го најде лекот.

Под неговиот пост се огласија педијатри кои велат дека антибиотиците се дефицитарни во моментов. Д-р Светлана Смугревска, педијатар во Драчево посочува дека антибиотици нема повеќе од шест месеци.

„Врие стрептокока пиогена, со што да ги лечиме, изгореа децата од температура со докажана бактерија“.

Се надврзува и докторката Елица Ресавска од Кавадарци, која вели дека се е дефицитарно.

„Сe e дефицитарно, оспен нема никаде, се е дефицитарно во оваа наша дефицитарна земја“, пишува таа.

Поврзани новости