Нелоски: Оваа влада нема да издржи долго, револтот кај граѓаните ќе експлодира

by Фокус

Дека СДСМ може подобро и повеќе, видовме со тоа кога еден функционер доби „голема“ казна за шверц со цигари и потоа член на негово семејство доби дозвола за одгледување на марихуана, рече Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во „Само вистина“ на Канал 5.

-Граѓаните ќе бидат нервозни кога ќе им стигнат сметки за парно повисоки за 7,5 проценти, а тоа не беше никаде кажано. Тоа е така поради фактот што СДСМ прави непродуктивни трошоци, има договори со универзалниот снабдувач и преку фирмите за енергетика СДСМ со фирми блиски до нив испумпува средства – истакна Нелоски.

Според него, 40 илјади луѓе останале без работа за време на корона-кризата.

-Оваа лепенка-влада како што ја нареков кратко ќе издржи. Следната година има локални избори, не верувам дека ќе издржи и многу повеќе по локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе биде помеѓу граѓаните, како и досега. Јас ќе бидам на протестите-рече Нелоски.

Тој порача дека револтот на граѓаните ќе експлодира.

Поврзани новости