Скандалот „Двојник“ открива спрега меѓу државата и мафијата, смета Владимир Нелоски, функционер на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова не се обични криминалци, туку се луѓе од италијанската, албанската, турската мафија и црногорските кланови и од терористичката ИСИС – рече Нелоски на ТВ 24.
Според него, дополнително сомнително е тоа што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски има фотографии со некои од обвинетите од, како што вели, интимна прослава.
-Затоа и треба да се разбере нашето неверување во ЈО како институција, зошто ова не е прв пример на скандал кој сме го обзнаниле, а да нема никаква постапка. Оваа смешна ситна акција беше колку да се направи штета и да се фатат малите риби за да не излезат на површина големите риби кои се вмешани во овој мега скандал – истакна Нелоски.