Нелегитимниот претседател на Студентски парламент присустува на средбата меѓу УКИМ и МОН

by Фокус

На средбата меѓу ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, министерот за образование Адеми и претставници од Студентскиот  пленум која е во тек, присуствува и претседателот на Студентскиот парламент, Кирил Спироски, чиј мандат истече уште минатата година.

И покрај тоа, Студентскиот парламент на УКИМ не распиша избори за претседател, што значи дека сегашниот е нелегитимен и нелегален.

Претставници на оваа средба на Студентскиот пленум се Стефан Видиков и Ивана Туфекџиева, а на Професорскиот планум претставник е професорката Гордана Силјановска. Од владините претставници, освен министерот Адеми, присутни се и заменик-министерот за образование Спиро Ристовски, како и министерот на финансии Зоран Ставрески.

 

Поврзани новости