409
Во УБК многу поголем бил бројот на нелегални прислушувања отколку на легалните, односно оние со судска наредба. Ова во своето сведочење пред Кривичниот суд на денешното рочиште за случајот “Таргет и Тврдина” го истакна сведокот Ѓорѓи Лазаревски, кој заедно со колегата Звонко Костовски ја открија аферата со масовното нелегално прислушување.
-Костовски точно знаеше кои таргети се легални, а кои се нелегални. Еднаш ми кажна дека нелегалните таргети се далеку поголеми од легалните. И ми рече дури и да се сака не е возможно сето тоа да се изнесе, истакна Лазаревски, кој претходно појасни дека побарал од Костовски да зачува докази од нелегалното прислушување.