„Некст тајм” за прв пат заминува на турнеја во Австралија

by fokus

Дуото ,,Некст тајм”, кое ја започна кариерата со рок музика во 2008 година, за да изминативе години се посветни на снимање на етно обработки, заминува на својата прва турнеја во Австралија.
Настанот е најавен на страницата на продукцијата Република ентертејнмент, која е во сопственост на нашинецот Влатко Јовески.

Според објавените информации, турнејата ќе се случува во 2023 година, а повеќе детали ќе бидат откриени дополнително.

Дуото имаше промоција на нов албум пред неколку месеци. Пред промоцијата открија дека албумот го снимале цели осум години, односно започнале во 2014 година со песната ,,Ја излези Ѓурѓо”, а поради тоа што долго време го креирале, сметале дека ќе се слуша уште подолго.

Покрај ,,Некст тајм”, најавена е турнеја во Австралија и на Влатко Лозановски.

И тој ќе гостува во Австралија во 2023 година, а датумите и градовите се уште не се прецизирани.

Вики Клинчарова

Поврзани новости