Популарното музичко дуо „Некст Тајм“ денес тргна кон Австралија, каде е закажана нивната пролетна турнеја. Момците од дуото, Стефан и Мартин Филиповски, ќе одржат концерти во Сиднеј, Волонгонг, Голд Коуст, Мелбурн и Перт.
Музичарите утрово објавија фотографија од скопскиот аеродром и им порачаа на нашинците во Австралија дека иако патот до Австралија е долг, сепак со публика каква што е тамошната, секогаш е полесен.
Исто така, открија дека концертот во Сиднеј бил распродаден, а и останатите концерти во другите поголеми градови биле пред распродавање.
„Некст Тајм“ се присутни на сцената од 2008 година, кога настапуваа како рок бенд, со авторски песни. Изминативе години се актуелни со обработки на стари, патриотски македонски песни.
Минатата година ја имаа првата турнеја во Австралија, а пред две години промовираа и албум, за кој открија дека го подготвувале цели осум години.
Вики Клинчарова