Музичкото дуо ,,Некст тајм” ќе настапи на манифестацијата Свети Трифун 2022 на градскиот плоштад во Кавадарци, во понеделник, на 14-ти февруари.
Нивниот концерт ќе започне во 21.30 часот, а пред тоа ќе настапат Екстра бенд плус.
Во тек на денот пак, ќе настапуваат Александар Ангеловски и Дејан Чуле со староградска музика, како и Фолклорен ансамбл Тиквеш.
Покрај музичката програма, во градот се најавени низа на културни активности за денот на лозарите и винарите.
Промоција и дегустација на вино и ракија, традиционални закуски и закројување на виновата лоза се дел од празничната програма.
,,Некст тајм” во 2018 година имаа концерт во Кавадарци на манифестацијата Тиквешки гроздобер, и го наполнија градскиот плоштад.
Пред неколку дена од бендот соопштија дека е при крај нивниот албум со обработки на стари македонски песни, на кој работеле осум години.
Вики Клинчарова