461
По две години пауза, дуото ,,Некст Тајм’’ ќе ја промовира својата нова песна. Станува збор за обработка на старата македонска нумера „Слушам кај шумат шумите“, а промоцијата ќе се случи во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20 часот, на десетти октомври.
За новата песна тие снимиле и спот, во кој се појавува позната македонска актерка, а чие име велат дека нема да го откријат се до промоцијата.
„Не би сакале многу да откриваме, но убедени сме дека публиката ќе биде воодушевена, бидејќи ова е нешто на кое што макотрпно работевме овие две години и ве уверуваме дека ќе звучи и ќе изгледа подобро од нашата „Ѓурѓа’’ – велат од дуото.
Спотот ќе биде објавен и на нивната фан страница на Фејсбук.
Вики Клинчарова