Неколкумина осудени за случајот „27 април“ во изминатиот период поднеле барања за помилување до претседателот Ѓорге Иванов, потврдуваат од кабинетот на претседателот за „Фокус“.
Последното барање пристигнало во петокот во попладневните часови, но од кај претседателот не сакаа да одговорат на нашите дополнителни прашања, односно за колку вкупно барања станува збор, кои осуденици ги поднеле и дали ќе се одлучува по нив?
-Во петокот, во попладневните часови, во кабинетот на Претседателот е пристигнато уште едно од повеќето барања за помилување, кусо ни одговорија од кабинетот на претседателот.
Доколку претседателот Иванов реши да ги амнестира осудените ќе мора тоа да го стори експресно, бидејќи мандатот му завршува на 12 мај.
Според пресудата на судијката Добрила Кацарска повеќето обвинети беа осудени на високи казни затвор, а само Судијката Добрила Кацарска денеска ја соопшти пресудата за „27 април“, Игор Дурловски доби ослободителна пресуда.
Еве ги осудените за „27 април“ и казните кои ги добија:
Митко Чавков-18 години
Душко Лазаров-15 години
Горан Ѓошевски-Леви-15 години
Митко Пешов-15 години
Оливер Поповски-13 години
Мунир Пепиќ-15 години
Абдуљфета Алими-7 години
Оливер Радулов-10 години
Игор Дурловски- ослободителна пресуда
Јане Ченто-15 години
Игор Југ-12 години
Александар Василевски-Нинџа-8 години
Никола Митревски-Кољо-15 години
Младен Додевски-12 години
Горанче Ангеловски-12 години
Влатко Трајковски-15 години
Вилијам Михајловски-14 години
Според кривичното дело, на обвинетите им се закануваше казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор.
Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.
Валентина Вурмо