Неколку земјотреси ноќеска во југозападна Македонија

by Fokus

Половина час по полноќ бил регистирран земјотрес со интензитет од 3,8 степени во епицентралното подрачје Преспа

Земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала. Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.

- Advertisements -

Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар по овој земјотрес регистрирани се уште два во овој регион, едниот со јачина од 3, а другиот со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала, а се случиле во 1:31 часот и 1:33 часот.

Поврзани новости