523
Неколку вагони од товарен воз излетале од пругата во близина кај селото Чекрези, пренесува МВР. Повредени лица нема а причинета е само материјална штета.
„На 02.07.2019 година во 01.50 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Романовце, во близина на патниот премин кај с.Черкези, неколку вагони од товарен воз кој сообраќал на релација железничка станица Табановце- железничка станица Трубарево, управуван од Ј.М. од Скопје, излетале од пругата. Повредени лица нема и била причинета само материјална штета. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово“, велат од МВР.