446
Посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен денеска поради верскиот празник Водици.
– Од 10 часот до завршување на манифестацијата за Водици во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори“ до бул. „Гоце Делчев“ и ул .„Кеј 13 Ноември“ до бул.„Кочо Рацин“. Во општина Ѓорче Петров од 10 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. „Партизански одреди“, десно по ул.„Ѓорче Петров“, лево по ул. „Васил Чакаларов“. Како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул.„Демир Трајко“ и лево по ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар – соопштија од СВР Скопје.