Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека поради планирани интервенции за отстранување дефекти, денес без вода ќе останат неколку скопски улици.
-поради изведување на водоводен приклучок од Ф-250 мм на Булевар Македонско Косовска Бригада бр.87 во нас.Бутел со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Касарна Илинден, Вива Фреш, Македонско Косовска Бригада крак 11 и Сервис Џеват, од 09:00 часот до завршување со активностите.
-поради уличен дефект ф-80 мм на Архимедова 2 (пред објектот на општина Гази Бaба, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Беласица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
– поради уличен дефект на затворач ф-300 мм на бул. Србија (во близина на мостот Близнаци), водоснабдувањето ќе биде со намален притисок на дел од бул. Србија, бул. АСНОМ и бул. Јане Сандански. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Аеродром)
– поради уличен дефект ф-80 мм на Киро Крстевски Платник/ Рајко Жинзифов, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Киро Крстевски Платник, Рајко Жинзифов и Шумадиска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)
– поради менување на ПП Хидрант на Даме Груев 7 (ДМ маркет), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на Даме Груев блок 4 и 5 и Димитрие Чуповски кула 19, 21 и 2 Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)