Државниот инспекторат за животна средина објави дека почарот што утрово изби на скопската депонија Дрисла го гаселе вработените и противповпожарната служба на Скопје повеќе од четри часа. Од Инспекторатот велат дека МВР води истрага за неговото настанување.
-Од страна на одговорно лице за животна средина од горенаведениот правен субјект согласно обврската од А-Интегрираната Еколошка Дозвола телефонски и по е-пошта утрото на ден 5 септември во ДИЖС е добиено известување дека на ден 05.09.2023 година во раните утрински часови, околу 04:00 часот е опожарена депонијата Дрисла. Веднаш се информирани противпожарната служба и службата на МВР – Скопје. Пожарот беше гасен со сопствена механизација и средства како и со асистенција на неколку возила од противпожарна служба. Пожарот е локализиран и изгаснат околу 08:30 часот, соопшти Државниот инспекторат за животна средина.
Од Инспекторатот велат дека во моментот се води истрага за причините на негово настанување од страна на МВР-Скопје, и дека Инспекторатот за деталите од истрагата ќе биде информиран во континуитет.
Претходно од ЈП депонија Дрисла Скопје соопштија дека изминатите неколку дена се шират лаги и невистини дека депонијата со своето работење го загрозува здравјето на граѓаните. Според претпријатието и утрово се случило тоа, откако беа споделени видеа на социјалните мрежи од пожарот во Дрисла дека чадот се шири во околните населени места и им го загрозува животот на луѓето. Од Јп депонија Дрисла Скопје тврдат дека пожарот е подметнат.
Утрово од ЦУК изјавија дека пожарот што избил на депонијата Дрисла не е голем и дека веднаш е изгаснат.