610
Неколку лица синоќа се прободени со нож во центарот на Бирмингем, соопшти денеска британската полиција.
-Можеме да потврдиме дека околу 30 минути по полноќ бевме повикани за инцидент за прободување во центарот на Бирмингем. Наскоро потоа беа пријавени голем број други убоди со нож во областа и случајот беше прогласен за голем инцидент, се вели во соопштението на полицијата во Вест Мидлендс.
Во него се наведува дека има голем број повредени и дека се работи на откривање на причините за нападот.
-Во моментов не сме во можност да кажеме колку се повредени или колку од нив се сериозно повредени. Сите служби за итни случаи работат заедно на лице место и обезбедуваат медицинска помош, се додава во соопштението.