705
Неколку илјади граѓани се собраа вечерва на протестот на опозициската партија под мотото „Премногу е!“.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавија очекување протестот да го следат околу 80 илјади луѓе.
Пред почетокот на официјалниот дел се слушаа звуци на македонски песни со патриотска боја и содржина, a потоа државната химна ја испеа оперскиот пејач Игор Дурловски.
Се очекува обраќање на лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски. Главното барање на партијата се нови, предвремени парламентарни избори.