Синдикатот на УПОЗ реагира на заклучокот на Владата со кој се задолжуваат буџетските корисници при склучување на колективните договори да ги имаат предвид одобрените буџетски средства, а јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост да бараат мислење од Министерството за финансии.
– Некој повторно сака да го ограничи преговорите и потпишувањето на Колективни договори!!! Како да не се научија грешките од минатото? Дали на повидок е уназадување на правата кои произлегуваат од Колективните договори?? Со заклучок од седница на Влада, министерот за финансии повторно ќе одлучува кој ќе може, а кој не ќе може да склучи колектив договор? Вака ли ќе градиме социјален дијалог?, прашува Синдикатот на УПОЗ.
Владата во вторникот го усвои ребалансот на Буџетот, а министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во средата на прес-конференција информираше дека се усвоени и неколку заклучоци.