Лидерот на сириските бунтовници Абу Мохамед ал Голани изјави во интервју за Си-Ен-Ен дека целта на бунтовничката офанзива во Сирија е да се стави крај на владеењето на претседателот Башар ал Асад. Групата Хајат Тахрир Ал-Шам (ХТС), која произлезе од огранокот на Ал Каеда, ги презема клучните градови во Сирија.
Ал Голани, кој некогаш се криеше во сенка, сега зборува за медиумите и најавува создавање влада заснована на институции и совет избран од народот. Тој тврди дека право на бунтовниците е да користат какви било средства за да го постигнат тоа, и покрај нивното претходно поврзување со Ал Каеда.
In un'intervista esclusiva con la CNN, Abu Mohammad al-Jolani, leader militante del principale gruppo che guida l'opposizione armata in Siria, ha dichiarato che l'obiettivo dei ribelli è quello di rovesciare un "regime ormai morto" https://t.co/xAzPibZbuU pic.twitter.com/Lme3YlupxF
— Maurizio Molinari (@Maumol) December 6, 2024
„Кога зборуваме за цели, целта на револуцијата останува рушење на овој режим. Наше право е да ги искористиме сите расположливи средства за да ја постигнеме таа цел – изјави тој за Си-Ен-Ен.
Иако тој се обиде да ја оддалечи ХТС од Ал Каеда, САД и другите земји сè уште ја сметаат ХТС за терористичка организација. Вашингтон понуди награда од 10 милиони долари за неговото апсење. Тој ја оспорува оваа оценка, тврдејќи дека некои екстремистички акции доведоа до одвојување на ХТС и џихадистичките групи.
Hay'at Tahrir al-Sham (HTS) leader Abu Mohammad al-Jolani visited Aleppo's historic citadel on Wednesday days after his jihadist fighters took control of the city from the Syrian army in a surprise offensive.
📸: HTS/Telegram (cropped) pic.twitter.com/VSQaMU9blg
— Rudaw English (@RudawEnglish) December 4, 2024
Голани во интервју за Си-Ен-Ен рече и дека сака странските сили да ја напуштат Сирија, сметајќи дека падот на режимот ќе го реши проблемот со присуството на странски војски.
Голани, кој некогаш беше млад борец на Ал Каеда против САД во Ирак, се врати во Сирија за време на граѓанската војна и ја предводеше терористичката група на Ал Каеда. Тој сега се претставува како Ахмед ал Шара и инсистира на политичка трансформација на ХТС.