Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето видео обраќање по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, направи паралела на партизанската борба за слобода и сопствена држава во 1941 и денешната битка пред која се исправени граѓаните и државата.
„Денеска нашите граѓани и нашата држава повторно како и тогаш се наоѓаат пред нови битки и историски одлуки. Ако тогашната битка беше за слобода и човечки правдини, денешните битки се за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. Нашиот просперитет можеме најдобро да го реализираме интегрирани со нашите европски сојузници како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија“, вели Филипче во своето обраќање.
За жал, констатира тој, актуелната власт е првата македонска влада што свесно се откажува од европската иднина на земјата што е определба на многу генерации. Според него, членството во Европската Унија е стратешка цел и никој не смее да им го одземе ова право на граѓаните.