Нејнски: Бугарија мора остро да реагира на обидот на Русија да го заплаши нејзиниот новинар Христо Грозев

by Fokus

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски за Нова коментира дека властите во Софија не треба молчејќи да го игнорираат случајот со новинарот Христо Грозев откако Москва по него распиша федерална потерница и да ја повикаат руската амбасадорка Елеонора Митрофанова со барање за објаснување од неа, јави дописникот на МИА од Софија.

Ова, според Нејнски, е дел од политиката на заплашување што Русија ја спроведува не само против опозицијата во сопствената земја, туку и кон странските граѓани и новинари кои се осмелуваат да ја кажат вистината. – Па, вистината не се почитува многу кај државниот врв во Москва и не може да има успешна пропагандна машинерија ако има луѓе како Христо Грозев кои разоткриваат што прави Русија, рече Нејнски.

Според неа, Бугарија треба жестоко да реагира на обидот да се заплаши и нападне новинар кој си ја врши работата. За Бугарија ќе биде многу понижувачки ако овој случај помине во тишина. Мислам, додаде Нејнски, дека треба да биде повикан руската амбасадорка во Софија и случајот да се објави во европските институции.

Поврзани новости