Нејмар е опериран, го чека закрепнување меѓу 6 и 12 месеци

by Fokus

На бразилскиот фудбалер Нејмар денеска во Бело Хоризонте му беше извршена операција на зглобот и на менискусот, објавија бразилските медиуми, а процедурата ја извршил познатиот хирург Родриго Ласмар.

Операцијата траела четири часа, а Нејмар се очекува подоцна да биде отпуштен од болница.

Нејмар се повреди на 17 октомври на натпреварот помеѓу Бразил и Уругвај во рамките на квалификациите за Светското првенство, а неговото опоравување се очекува да трае помеѓу половина и една година.

Поради ова, Нејмар најверојатно ќе ја пропушти претстојната Копа Америка која во јуни ќе се игра во САД.

Поврзани новости