Прв ќе излезам на гласање на евентуален референдум и тоа изутрината во 7 часот на гласачките места доколку прашањето гласи: „Дали сте за тоа Северна Македонија да стане членка на Европската Унија?“, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Слободен печат“.
Според него, нејасно и збунувачко е референдумското прашање на Левица, кое гласи „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година“.
-Прашањето кое Левица сака да го употреби во референдумското изјаснување е збунувачко и нејасно за граѓаните. Истото го повторувам периодов кога станува збор за референдум и кога ваква слична иницијатива поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. Против сум вакви прашања кои сега Левица ги пласира во кои содржат збунувачка содржина – вели тој.