Неготинци кои живеат во Америка започнаа со иницијатива за собирање на средства кои ќе бидат искористени за купување на моторен чамец, кој ќе го користат пожарникарите од градот, како и доброволното противпожарно друштво „Повардарец”.
Отворена е сметка за донации, а целта е да се соберат 3.000 долари. За кратко време веќе се собрани донации во износ од над 1.300 долари. Како што појаснуваат организаторите на акцијата, доколку се соберат повеќе средства од планираните, истите ќе бидат наменети за купување на елеци и друга водена опрема.
Оваа иницијатива доаѓа бидејќи неготинските пожарникари немале никаква опрема за итни случаи долж течението на реката Вардар.
-Со додавање на овој моторен чамец во нивниот арсенал, не само што ја подобруваме безбедноста на нашите пожарникари и доброволци, туку и значително ги зголемуваме нивните шанси за успешни спасувачки операции.
Но, ни треба вашата поддршка за да ја претвориме оваа визија во реалност. Секоја донација, без разлика на големината, ќе не донесе чекор поблиску до нашата цел за собирање средства.
Заедно, можеме да направиме разлика и да му помогнеме на Неготинскиот оддел за противпожарна заштита да ги има потребните алатки за да продолжи да спасува животи. Вашиот придонес директно ќе влијае на безбедноста на нашата заедница и ќе им покаже на нашите сограѓани дека ја имаат нашата поддршка- наведено е во апелот.
Иселениците кои сакаат да донираат, тоа можат да го направат преку следниот линк: