Општина Неготино го најави забавниот настан „Неготинско младо вино“ кој ќе се одржи на трети ноември (сабота) на градскиот плоштад, со почеток од 15 часот, а ќе трае до вечерните часови.
Станува збор за манифестација која годинава се одржува за првпат, а планирано е да стане традиционална.
Ќе настапат голем број на познати музички имиња од нашиот крај, ќе гостуваат „Харизма Бенд“, Ѓоко Ѓорчев, членови од „Нели ти реков“, Душко Тегов и многу други естрадни уметници кои низ годините го промовираат Неготино и се дел од забавната сцена.
Целта на настанот е да се свртиме кон она, домашното по кое сме познати, младото вино, неготинската пита, медот и други традиционални производи од нашиот регион.
Се надеваме дека оваа манифестација ќе биде прифатена од јавноста и дека ќе му стане традиција на градот – порача градоначалникот д-р Горан Стојанов.
Вики Клинчарова