Неготино ја има најдобрата наставничка на просторите на поранешна Југославија: По 23 години работа, големо признание за Велјаноска!

by fokus

Павлинка Велјаноска од Неготино го доби признанието за најдобар наставник од Асоцијацијата на најдобри наставници на просторите на поранешна Југославија. Професорката по музичко образование која зад себе има 23 – годишно работно искуство исто така е и диригент во училишниот хор, а и во минатото има добиено голем број на награди и признанија за својата посветеност во работата, како во земјава, така и во регионот.

Асоцијацијата на најдобри наставници од екс Ју ( АНН ЕКС ЈУ) била оформена со цел да се мотивираат и афирмираат најдобрите наставници од поранешните Ју републики да придонесат во менувањето на сликата за образованието во овој дел на светот. Исто така, целта била да се постигне вмрежување на наставниците од државите од просторот на поранешна Југославија, за да може да се разменуваат идеји од образованието, започнување на нови национални и меѓународни проекти, создавање на услови за модернизирање на училишниот систем во регионот во согласност со меѓународните стандарди и потреби на општеството и пазарот.

Една од најважните целите на АНН ЕКС ЈУ било рушењето на бариерите кои се создале кон крајот на деведесеттите години на минатиот век, и градење на пријателски односи и соработка.

Велјаноска во Неготино е позната како автор на многу детски песни. Учествува во меѓународни проекти, рецензент е на три учебници по музичко образование, а минатата година од општината доби признание за придонес во културата и образованието. Во признанието од АНН ЕКС ЈУ, наведено е дека нејзиното животно мото е – Џабе работи, џабе не седи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости