Денеска во Неготино се регистрирани 11 нови случаи на корона вирус, а уште резултати се очекуваат во тек на ден. Ова е прв пат од почетокот на пандемијата во Неготино да бидат забележани повеќе нови случаи отколку во Кавадарци, каде денес има 10 позитивни лица.
Во Росоман денес има еден нов случај на Ковид-19.
-Инфицираните од Неготино се на возраст од 16 до 61 година, речиси сите се тестирале поради пројавени симптоми. Помеѓу нив има и една средношколка, засега сите остануваат на домашно лекување. Во очекување сме на резултати од повеќе брисови, така да, најверојатно до вечер бројките ќе растат.
Во Кавадарци, позитивните се на возраст од 26 до 65 години. Помеѓу нив има едно медицинско лице. Исто така, пациент на возраст од 65 години поради влошена состојба е хоспитализиран на ковид одделението во кавадаречката болница – информираат од ЦЈЗ Кавадарци.
Во болницата во Кавадарци, каде веќе три недели функционира Ковид-19 одделението, моментално се хоспитализирани 28 лица.
Од таму известуваат дека пациентите се во стабилна состојба. Бројот на активни случаи во Тиквешијата денес изнесува 344.
Вики Клинчарова