789
Неготинецот Л.Ф. (50) во вторникот бил лишен од слобода, откако во Центар за социјални работи упатил закани кон една од вработените и се соблекол пред неа.
Како што информираат од СВР Велес, тој веднаш по настанот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Неготино.
-Лицето беше приведено во Полициска станица Неготино, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – известија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Од таму, не откриваат детали која била причината за заканите кои ги добила вработената, ниту пак дали Л.Ф. имал личен конфликт со неа, или евентуално го сторил делото поради недоразбирање со Центарот за социјални работи.
В.К.