Неготинец пријавил дека неговиот 74-годишен татко обљубил малолетничка!

by Фокус

Во средата околу 15.20 часот, маж на возраст од 54 години од Неготино, во полициската станица пријавил дека неговиот татко извршил обљуба врз малолетничка.

Според пријавата во ОВР Неготино, неговиот татко на возраст од 74 години, ја извршил обљубата врз малолетното девојче пред неколку години.

Од СВР Велес за ,,Фокус” го потврдија случајот и известуваат дека се преземаат мерки за негово расчистување.

Додаваат дека настанот се случил пред подолг временски период, но зошто неготинецот дури сега пријавил, како и други информации поврзани со случајот не се откриваат, со цел да се заштити идентитетот на малолетната жртва.

В.К.

Поврзани новости