При обид да бидат легитимирани двајца неготинци од страна на полициски службеници, едниот од нив извадил електрошок и ги нападнал полицајците. Настанот се случил во вечерните часови во понеделникот, а како што информираат од СВР Велес, тие успеале да го лишат од слобода.
Притоа, кај него пронашле марихуана и пари.
-На 14.08.2023 во 22.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода С.С.(39) и Ј.П.(41), двајцата од Неготино. При обид да бидат легитимирани на улица „Косте Волкановски“ во Неготино, С.С со електрошок ги нападнал полициските службеници и се обидел да побегне, но бил спречен и лишен од слобода. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени неколку
пакувања со марихуана и пари. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес.
Вики Клинчарова