1.5K
На 01.10.2023 во 15.20 часот на наплатната станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го привеле К.Ц.(23) од с.Тимјаник, неготинско.
При преглед во патничкото возило „мерцедес“, кое го управувал, бил пронајдена и одземена акцизна стока, односно 17 туби со вкупно 320 литри алкохолен пијалак без никакви документи. Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот била известена Царинската управа. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.