Неготинчани го наполнија ковид одделот во Кавадарци

by Fokus

Дури 75 пациенти се хоспитализирани на ковид одделот во Кавадаречката болница, а половина од нив се од Неготино. Бројот на новозаразени од Неготино на кои им е потребно болничко лекување изминативе денови значително е зголемен, а околу 50 од хоспитализираните пациенти биле на кислородна поддршка.

За загрижувачката состојба во Тиквешко доволно зборува и податокот што има само 19 слободни кревети, од достапните 95. Од изминатата недела во функција беше ставена и модуларната болница со капацитет од 35 болнички легла, која со забрзано темпо се полни. Според вчерашниот извештај од МЗ, во Неготино се активни 340 случаи, во Кавадарци 565, а во Демир Капија 35 случаи.

Според податоци од Институт за јавно здравје пак, најмногу заболени со корона вирус на 100 илјади жители има во Кавадарци, потоа следува Скопје, па Неготино.

Вики Клинчарова

Поврзани новости