Неготинчанец, повратник од Германија позитивен на Ковид-19 влегол во земјава

by Fokus

Неготинчанец на возраст од 34 години е новиот регистриран случај на Ковид-19. Тој се враќал од Германија, а поради правилото со законска сила, дека при влез во Македонија мора да има направено тест за корона вирус, не постар од 72 часа, во Ниш, Србија му бил земен брис.

-Резултатот од брисот бил позитивен, по што лицето веднаш по влегувањето во земјата било упатено во домашна изолација. Станува збор за наш повратник од Германија, без симптоми засега – потврдуваат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Пред три дена, исто така на Табановце влезе семејство, повратници од Германија, а двете деца на возраст од пет и една и пол година беа позитивни на вирусот, по што беа упатени на лекување. И тие се тестирале во Ниш.

Вчера пак, премиерот Оливер Спасовски објави дека од петок, 26-ти јуни, целосно ќе бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови, и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин. Одлуката била донесена по препорака на Комисијата за заразни болести.

Вики Клинчарова

Поврзани новости