761
Нов негативен рекорд од 30 новозаразени во едно деноноќие е регистриран во Дебар, што е највисока бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата.
-Ова е последователна висока бројка на новозаразени, по онаа на 14 месецов кога беа потврдени 23 нови случаи. За жал, како и во поголемиот дел од државата, и во дебарско во континуитет расте бројот на заразени со Ковид-19. Само во текот на овој месец опасниот вирус е потврден кај 131 лице од општините Дебар и Центар Жупа – изјавија за МИА од дебарската општа болница со проширена дејност.
Од таму додаваат дека бројот е многу поголем затоа што има и лица кои се тестираат приватно, односно со брзи тестови и нема евиденција за нив.