0
Негативен е резултатот од тестот на жената посетител на скопската Зоолошка градина, која денеска беше тестирана за птичји грип, информира попладнево Марија Андоновска, директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), посочувајќи дека нема пријавено друго лице за тестирање.
Андоновска додаде дека се тестирани и двајца вработени во Зоолошката, но штом нивните резултати се негативни, додаде дека нема опасност за посетителите.
Поради појава на птичји грип, од викендов е затворена Зоолошката градината во Скопје.